Loading Video...
Свет
29. јуни 2023 - 12:27

Макрон свика кризен состанок по немирите поради убиството на тинејџер

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска свика кризен состанок со сите министри по немирите што се проширија низ Франција во текот на ноќта поради убиството на тинејџер од северноафриканско потекло по рутинска сообраќајна контрола. 

Во пресрет на состанокот Макрон повика на смиреност и решавање на тензичната состојба.

- Последните часови беа одбележани со насилни сцени низ улиците во неколку градови но и против полициските станици, училиштата и градските собранија, а во основа против институциите и републиката. Тоа е апсолутно неоправдано. Би сакал да им се заблагодарам на оние кои се надвор во текот на ноќта како вчера да ги заштитат овие институции и да ја вратат смиреноста. Таков треба да биде и денешниот марш, а денеска ќе го анализираме она што се случуваше изминатите два дена, рече Макрон.

Француската полиција уапси 180 лица ширум земјата за време на втората ноќ на немири, информираше министерот за внатрешни работи на Франција.