Макрон смета дека неговата пензиска реформа е „неопходна“
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата пензиска реформа е „неопходна“ и тврди дека да не чувствува „голема грижа“ во земјата во врска со реформите, јавува дописникот на МИА.
Дискретен од почетокот на штрајкот против пензиската реформа, Емануел Макрон се огласи со мал коментар. Тој беше запрашан на оваа тема на прес-конференција по самитот за мировниот процес во Украина што се одржа во понеделникот во Париз. Опкружен од неговиот руски колега, Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Емануел Макрон рече:
-Сите околу масата знаат дека реформата е суштинска за земјата и дека треба да биде спроведена. Тоа е под надлежност на владата и најавите ќе бидат дадени.
Синдикатите и понатаму повикуваат на продолжување на штрајкот што ги погодува сите јавни услуги веќе шест дена, а Емануел Макрон сакаше да ги смири. Тој дури инсистира на тоа дека не чувствува „голема загриженост“ во земјата за реформите.
Францускиот претседател исто така ја искористи можноста да го задева својот руски колега, Владимир Путин.
Емануел Макрон и неговиот премиер Едуар Филип ќе ги примат министрите и претставниците на парламентарното мнозинството ова вечер за усогласување на позициите за да се избегне нова какофонија во објаснувањето на реформата.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен