Макрон им вети поддршка на земји од Сахел во борбата против исламистите
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Бамако им вети помош на западноафриканските земји од Групата пет (Г-5) за финансирање на нивните заедничи напори за справување со исламскиот тероризам во регионот на Сахел.
Макрон при тоа ги повика земјте членки на Г-5 - Буркина Фасо, Мавританија, Мали, Нигер и Чад да демонстрираат поголема ефикасност во борбата против џихадистите.
- Вие и вашите армии треба да ги убедите луѓето, дека Г-5 може да биде ефикасна и тоа под услов да ги почитувате хуманитраните конвенции. Треба да има резултати, за да ги уверите партнерите во вашите искрени намери, порача Макрон на средба со претседателите на петте западноафиркански земји,
Тој пораќа дека борбата против „терористите, убијците и џелатите“ треба да се води секојдневмо. - Таа борба треба да ја водиме цврсто и решително и заедно треба да го искорениме сето тоа, порача Макрон.
Петте земји се договрија за формирање заеднички сили за борба против исламистичките бунтовници. Во прво време тие ќе бидат распоредени во зоната на границите меѓу Мали, Буркина Фасо и Нигер и ќе се приклучат на операцијата „Бархан“ на француските сили против џихадистите во реонот на Сахел.
Во тој дел на Африка, како што јави ДПА, дејствуваат три исламистички групи Ансар Дин, Ал Мурабитун и Ал Каеда на Исламскиот Магреб.
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат