Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека заканата од палестинската милитантна организација „Хамас“ останува и по склучувањето на примирјето во Газа.
– Во наредните недели и месеци ќе има терористички напади и дестабилизација, изјави Макрон синоќа, пред заминувањето од египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море, каде присуствуваше на церемонијата за потпишување на договорот меѓу „Хамас“ и Израел.
На прашање од новинарите дали се плаши дека „Хамас“ би можел да го пополни вакуумот на власта во Појасот Газа, Макрон изрази загриженост. – Сè уште сум загрижен, затоа што знаеме како функционираат терористичките групи. Не можеш да ја распуштиш организација со илјадници борци, со тунели и оружје, преку ноќ, потенцираше францускиот претседател.
Тој повика на строг меѓународен надзор на состојбата во Газа.
МИА
Ново на Сител
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
