Макрон и Мицотакис денеска ќе се сретнат во Париз

Привлекување инвестиции, намалување на примарниот суфицит за 2021 година, стабилност и безбедност во регионот и поддршка за зелената агенда на Макрон, се целите со кои премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис заминува за Париз, каде што денес ќе оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Според грчки владини извори, Мицотакис на денешната средба ќе испрати порака дека Грција по 10-годишна криза сврти нова страница и има реформска влада, а една од целите е во рамките на состанокот со Макрон да упати повик до француските бизнисмени да инвестираат во Грција.
На агендата разговори, според истите извори, ќе биде и заложбата на Мицотакис за намалување на примарниот суфицит за 2021 година, како и безбедноста и стабилноста во поширокиот регион, односно за позицијата на Грција како столб на стабилност, а францускиот претседател и грчкиот премиер, детално ќе разговараат и за одбранбената соработка меѓу двете земји.
Мицотакис се очекува на средбата да изрази поддршка за зелената агенда на францускиот претседател.
Средбата на францускиот претседател и грчкиот премиер во Елисејската палата е закажана за 15 часот.
Кирјакос Мицотакис има добри односи со Емануел Макрон, со оглед на тоа дека се познаваат од времето кога францускиот претседател беше министер за финансии. Нивната прва средба беше во мај 2016 година во Париз, а повторно се сретнаа за време на официјалната посета на Макрон во Атина пред две години.
Со средбата во Париз, грчкиот премиер започнува низа контакти со странски лидери. Следната седмица ќе биде во Берлин, на почетокот на септември во Холандија, а на крајот на следниот месец ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Ново на Сител
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
