Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп
Францускиот претседател Емануел Макрон гледа „значителен напредок“ по неговите вчерашни консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за војната во Украина.
Има конкретни разговори за акциски план за постигнување траен мир во кој ќе биде вклучена Украина, изјави Макрон по средбата во Белата куќа.
– Верувам дека денешниот ден беше пресвртница во нашите дискусии, рече тој.
– Ја споделуваме вашата желба за мир, му рече францускиот лидер на Трамп, но додаде: „Мирот не може да значи предавање на Украина“, пренесе ДПА.
Францускиот лидер рече дека се разговарало за безбедносните гаранции и од Европејците и од САД. Макрон инсистираше на „траен мир“ и рече дека нема да има примирје без безбедносни гаранции.
Франција веќе разговараше со Британија за прашањето за испраќање мировни трупи како дел од безбедносните гаранции.
– Свесни сме и дека Европејците мора да направат повеќе за безбедноста во Европа, за одбраната во Европа и за поправедна распределба на безбедносниот товар, рече Макрон.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП