Макрон: Богатите земји да им испратат пет отсто од вакцините на земјите во развој
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европа и САД итно да испратат пет отсто од своите вакцини против Ковид-19 на земјите во развој.
Тој, во пресрет на видео самитот на групата Г7 кој почнува денеска, истакна дека неуспехот во поделбата на вакцините ќе ја зголеми нееднаквоста во светот
– Не станува збор за поделба на милијарда дози вакцини веднаш, или милијарди и милијарди евра. Зборуваме за распределба на четири-пет отсто дози од вакцините кои нема да влијаат на нашата кампања за вакцинација. Секоја земја да остави настрана мало количество на вакцини, но тоа да се направи брзо, нагласи Макрон.
Шефот на француската држава додаде дека и германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува европската иницијатива за поделба на вакцините, изразувајќи надеж дека неговата идеја ќе ја прифатат и САД.
– Во недостиг на таква шема, Кина и Русија ја пополнуваат празнината и отвораат пат за војна на влијание преку вакцините, изјави Макрон.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто