-->
-->
Македонското знаме развеано во Вадуц
-->
Во Лихтенштајн во текот на денот нема фудбалска еуфорија. Единствено што потсетува дека некој меѓународен настан, овојпат спортски, ќе се случи тоа се развеаните знамиња на домаќинот и македонското пред државната управа.
Единствено што дознавме од еден наш поранешен фудбалер кој живее во Лихтенштајн, струмичанецот Тони Мицевски-Струјата е дека постои интерес кај нашите иселеници во Швајцарија кои сигурно ќе ги пополнат трибините на Рајнпарк Арената но колкава ќе биде таа бројка тешко е да се прогнозира. Мицевски е оптимист дека ќе има до 3000 Македонци со развиорени знамиња, колегите новинари прогнозираат до 500.
Сеедно, Пандев и останатите наши репрезентативци ќе имаа повеќе навивачи од домашната селекција а тоа може да биде екстра мотив за посакуваната победа, која желно ја чекаме како дожд после суша.
Офанзивна игра на една карта најави селекторот Ангеловски а тоа го потврди и со најверојатниот состав кој ќе истрча на тревникот во Вадуц. Тоа се Димитриевски, Ристевски, Шиков,Велковски Ристовски, Николов, Спировски, Тричковски, Пандев, Ибраими и Несторовски.
Средбата започнува во 20.45ч. Судиската тројка е од Белгија.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
