„Македонско девојче” полни 50 години
Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче - Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.
Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета - Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.
Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денеска слави 50 години.
Создадена за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов собра тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. Новата избедба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски, а музички продуцент Будимка Имери.(http://bit.ly/
Изведбата е на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во
Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет