Бизнис
19. May 2016 - 9:36

Македонско-белгиски форум во Скопје

Македонско-белгиски бизнис форум на кој ќе учествуваат над 40 компании од повеќе сектори од Македонија и Белгија ќе се одржи денеска во Скопје.

Форумот е во организација на Министерството за финансии, а на него компаниите ќе имаат можност преку директни средби да разговараат за идна соработка.

На форумот ќе учествуваат претставници од македонските и белгиските стопански комори.