Македонските туристички потенцијали пред 150 туристички агенции од Велика Британија
Околу 150 туристички агенции од Велика Британија имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Македонија во рамки на Destination Showcase, настан што го организираше елитниот магазин Travel Weekly на најголемиот саем за туризам во Лондон, World Travel Market 2016 (WTM).
На Destination Showcase беше презентирана и можноста што ја нуди Македонија за субвенционирање на странскиот туристички промет.
WTM се одржа од 7 до 9 ноември, со 5.000 учесници од цел свет и 50.000 професионалци (компании, организации, институции, медиуми, инвеститори) од светската туристичка индустрија. Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), и Македонија имаше свој штанд на кој понуди историја, култура, археологија, лов, риболов, рурален, „класичен“ туризам, како и дел од традицијата.
АППТ, како што соопшти, оствари бројни состаноци со британски тур-оператори: Thomas Cook, Flight Center Business Travel, Darrel James Travel, Gem Travel, Reliance Tours, Your Holiday Booking, Euro Japan Holidays, STA Travel, CJL Travel, Blue Stone Travel, Burwood Travel, Bright Sun Travel, Affordable Luxury Travel, Crystal Travel, Peoples Travel, Star Travel,...
За време на саемот, Агенцијата учестуваше и на Aligned Advocacy Dinner организирана од Pacific Asia Travel Association на која директорката Лела Крстевска беше главен говорник кој се обрати во име на сите балкански земји, зборувајќи за регионот како туристичка дестинација за азискиот пазар. На вечерата беа присутни генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи, министри за туризам од целиот свет, светски познати туроператори и претставници од националните туристички институции на Балканот.
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено