Македонските транспортери бараат меѓународна поддршка за деблокирање на граничните премини
СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ бара меѓународните транспортни асоцијации да преземат итни акции и постапки кај надлежните влади за брзо деблокирање на граничните премини помеѓу Грција и Македонија.
Во обраќања до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, Унијата на асоцијации за патен транспорт во Црноморскиот економски регион БСЕЦ-УРТА и до грчката транспортна асоцијација ОФАЕ, СИЗ „Македонија сообраќај“ наведува дека со блокадите на грчко-македонските гранични премини и на патниот сообраќај меѓу двете земји веќе 10. ден им се нанесуваат огромни и ненадоместиви штети на патните транспортери од Македонија и од регионот, како и на компаниите корисници на нивните услуги.
Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај –АМЕРИТ во обраќањето апелира да се почитува ТИР Конвенцијата и другите меѓународни договори за транзит и слободно движење на стоките. Во случај на опструкција на меѓународен коридор (Коридорот 10, од Атина до Салцбург), нагласува Милев, меѓународната обврска е да се обезбеди премостување на протокот на стоки.
Од СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ укажуваат дека имаат разбирање за социјалните прилики и проблеми во Грција, но оти поради блокадите на грчките фармери на граничниот премин Евзони огромни колони од камиони чекаат на границата со денови.
- Блокадата на граничниот премин Бородица - Евзони е огромен удар за економиите во регионот и особено за меѓународната трговијата и транспорт. Компаниите трпат огромни загуби со доцнењето на испораката на стоки, извозот на готови производи и увозот на суровини. Иако бизнис заедницата бара алтернативи решенија - пренасочување до другите гранични премини, сепак постои ограничување и доцнења, што носат нови загуби, стои во обраќањето.
Во него се укажува и на одлуката на македонската Влада со која се овозможи транзит на нафтени деривати и на премините Дојран и Меџитлија, како алтернативни премини, кои може да бидат користени од транспортерите.
- Нашите препораки до транспортерите и наши членки е да ги користат алтернативните премини, на кои од македонска страна се направени сите услови за непречено одвивање на сообраќајот. АМЕРИТ будно ја следи ситуацијата, и редовно ќе продолжи да дава насоки и информации. Со штрајковите не трпат само македонскиот транспорт и економија, туку и економијата во регионот на Балканот, и воопшто европската економија., наведуваат од „Македонија сообраќај“.
Ново на Сител
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен