Ракомет
11. July 2023 - 14:31

Македонските ракометарки поразени од Норвешка

Македонската женска репрезентација попладнево во Миовени загуби од Норвешка во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство за ракометарки до 19 години. До конечната победа 29:23, Норвежанките дојдоа по подобра игра во второто полувреме, откако првото нашите репрезентативки во првото беа подобри со 11:9.

Македонките се на последното (4. место) во Групата 4 без ниту еден освоен бод.

Утре противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето за пласман на ЕП во Романија ќе биде репрезентацијата на Србија.