-->
-->
Македонските ракометарки поразени од Црна Гора
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз на гостувањето кај Црна Гора во Бар ги почна квалификациите за ЕП 2016 година. Фаворитот оствари триумф од 21:14 (12:8).
Почетокот очекувано им припадна на домашните ракометарки кои имаа водство од 7:2, но нашите ракометарки во 25.минута намалија на 8:6.
Во вториот дел Црна Гора ја зголеми разликата и очекувано стигна до првата победа во групата 4. Најефикасна на дуелот беше Булатовиќ со 6 голови.
Головите за Македонија ги постигнаа: Е. Ѓорѓиевска 4, Ристовска 3, Десподовска 2, Саздовска 2, Ливриниќ 1, Кремаитчиева 1, Николиќ 1, додека Драгана Петковска имаше 8 одбрани.
На вториот дуел од групата Хрватска ја победи Словенија со 27:19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН