Ракомет
3. December 2016 - 18:05

Македонските ракометарки поразени од Австрија

 
Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Австрија – МАКЕДОНИЈА  со 28-19 квалификациите за СП 2017 година во Хрватска. 
 
Нашите девојки иако добро ја одиграа првата четвртина од мечот кога имаа и предност од 5-4 во 14.мин, сепак Австријките се серија од 5:0 не само што се вратија во игра туку на полувремето заминаа и со предност од 4.гола (14-10). 
 
Црвено-жолтите на паузата не успеаја да ги консолидираат редовите, а таквата игра ја користеа нивните противнички кои на крајот заслужено се радуваа на победата, која најверојатно ќе им го донесе второто место во групата, а со тоа и учеството во баражот, бидејќи селекцијата на Исланд која вчера ја победи Австрија е апсолутен фаворит во дуелот со Фарските острови, а веќе утре ќе биде и противник на Македонија во последното коло. 
 
Потсетување дека само двете првопласирани селекции ќе играат во баражот.