Ракомет
4. December 2016 - 19:00

Македонските ракометарки обезбедија бараж на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2017 година во Хрватска. 

Македонските ракометарки ја совладаа селекцијата на Исланд со 
7 гола разлика (27-20) во натпревар од последното коло во третата квалификациска група. 

Црвено-жолтите по вчерашниот убедлив пораз од Австрија беа во речиси безизлезна ситуација, но благодарение на пожртвуваната игра во текот на целиот меч на крајот сосема заслужено се радуваа. 

Кој ќе биде нивни противник ќе дознаеме по Европското првенство кое денеска стартуваше во Шведска.