Македонските ракометарки ги почнуваат настапите на Еуро 2022
Македонската ракометна репрезентација денес ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочат Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, Македонките најавија борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.
Нашите репрезентативки апелираат до навивачите да дојдат во салата во што поголем број и да им дадат поддршка.
– Со срце за Македонија – порачаа од таборот на македонската репрезентација.
Ова ќе биде натпревар од Ц-групата која се игра во Скопје. Во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат Холандија и Романија.
Инаку, на првиот натпреварувачки ден на ЕХФ Еуро 2022 постигнати се овие резултати:
Данска – Словенија 26:28
Унгарија – Швајцарија 33:28
Норвешка – Хрватска 32:23
Шведска – Србија 27:21.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор