Македонските ракометари со победа ги завршија настапите на Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација со победа го заврши настапот на 16. Европско првенство. „Црвено-жолтите“ вечерва во Берлин ја победија Швајцарија со 29:27.
Македонците од средината на првото полувреме ја преземаа контролата на резултатот и со серија од 6:0 поведоа со 10:5. Имаа пет разлика предност и при 13:8, за на пауза да се отиде со 13:9.
Одбраната предводена од голманот Мартин Томовски не беше „порозна“ како во првите две кола, а нападот функционираше сосема солидно против фаворизираниот противник.
Во второто полувреме Швајцарците од 17:12 најпрво намалија на 17:15 во 38. минута, изедначија 23:23 во 51. минута, имаа и водство во последните пет минути, но нашите репрезентативци не се предадоа и заслужено дојдоа до триумфот.
Томовски со 12 одбрани, Марко Митев и Никола Костески со по пет гола беа најефикасни во победничкиот состав.
Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место во носителите во мундијалските квалификации.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми
-
Со „голф“ на место каде е дозволено 40 возел 108, уапсен 21 годишник од Липково
-
ОЈО: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани