Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори вечерва Светското првенство во Египет, претрпувајќи убедлив пораз од Шведска од 32:20 (16:11).
Мечот во Каиро започна изедначено на двете страни, по што Шведска ја презеде контролата врз резултатот за прво повисоко водство од 8:5 во 11 минута.
Македонските ракометари брзо вратија со серија од 3-0, но уследија серија технички грешки и десет минути без постигнат гол во противничката мрежа.
Шведска го искористи падот во играта на избраниците на Данило Брестовац за водство од 14:9 во 22 минута, задржувајќи ги петте голови предност до полувремето.
Слабата игра во одбраната на македонскиот тим и анемичниот напад продолжија и во вториот дел, што Швеѓаните го отворија со серија од 6:1 за убедлива предност што не ја испуштија до самиот крај.
Ново на Сител
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции