Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Македонија уште од самиот почеток наметна силно темпо и на средината од првиот дел имаше водство од седум голови разлика (12-5) кое на полувремето изнесуваше недостижни плус девет (19-10).
Во продолжението македонските ракометари рутински го приведоа натпреварот до самиот крај и ја забележаа втората победа во петтиот натпревар во квалификациската група 1.
Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а голманите Томовски и Митревски заедно запишаа вкупно 19 одбрани.
Во завршното коло Македонија в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Литванија и за сигурен пласман на ЕП на избраниците на Лазаров ќе им биде потребна од најмалку три голови разлика
Ново на Сител
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување