Бизнис
18. February 2016 - 8:36

Македонските преработувачи ќе разговараат за актуелните состојби

Македонската асоцијација на преработувачи денеска ќе ги разгледа актуелните состојби во оваа индустрија и мерките за зголемување на конкуретноста.

На состанокот на кој е најавено присуство и на претставници од релевантните институции ќе се разговара и за програмата за поддршка, како и за предлозите за измени и дополнувања на програмата особено во делот на извозот.