Македонските потенцијали за конгресен туризам претставени во Барселона
На саем за конгресен туризам и бизнис патувања во Барселона се промовираат туристичките потенцијали на Македонија.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ја организира промоцијата, денеска информира дека Македонија е доживеана како неоткриена дестинација за конгресен туризам која нуди дополнителни можности за време на организиран настан во поглед на уживање во природа, запознавање со културата, можност за доживување авантура, како и практикување на спортски активности.
За време на саемот остварени се состаноци со тур оператори и компании кои бараат нови дестинации за одржување конференции, семинари и други тип настани.
Македонскиот штанд го посетила и македонската амбасадорка во Шпанија, Тина Џеповска.
Саемот е еден од најголемите саеми за конгресен туризам на кој учествуват 15.500 претставници од туристичката индустрија од 150 држави од светот со над 3.000 водечки брендови кои нудат услуги во оваа индустрија.
Ново на Сител
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло