-->
-->
Македонските олимпијци денеска на средба со новинарите
-->
Македонската делегација на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, денеска во 10 часот во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) ќе биде свечено испратена од јавноста. Иако, тргнувањето кон Бразил за нашите спортисти е најавено за 2 август, сепак, на оваа средба со медиумите ќе бидат изнесени очекувањата од настапот во Олимпијадата.
Македонската делегација ќе брои шестмина спортисти и тоа, атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска и Нина Балабан (стрелаштво) кои денеска ќе бидат присутни во МОК, како и пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски кои од Соединетите Американски Држави, на 2 август ќе и се пликлучат на црвено-жолтата експедиција во Олимпиското село.
Свеченото отворање на 31-те ОИ во Рио е на 6 август, со почеток во 1 часот по полноќ по македонско време, на кое пливачката Анастасија Богдановски како знаменосец ќе ја предводи македонската делегација на свеченото дефиле
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија