-->
-->
Македонските одбојкарите започнуваат нов настап во Европската лига
-->

Македонската одбојкарска репрезентација е во Варна, Бугарија каде ќе ги игра натпреварите од првиот турнир во Европската лига.
Почнувајќи против Албанија, па преку селекцијата на Данска и против домаќинот Бугарија, македонските одбојкари ќе се обидат да направат добри резултати пред вториот турнир кој од 16 до 18 ќе се игра во Скопје.
Иако видно ослабени во однос на минатата година кога во ова натпреварување Македонија заврши како трето пласирана, освојувајќи го бронзениот медал, овојпат без неколку стандардни репрезентативци, црвено-жолтите ќе се обидат по двата турнири да освојат едно од првите две места кои ќе носат на учество на завршниот Фајнал-фор турнир во Бугарија.
Распоред на натпревари во А групата:
Петок: Македонија – Албанија и Бугарија – Данска
Сабота: Македонија – Данска и Бугарија – Албанија
Недела: Данска – Албанија и Македонија – Бугарија.
Почетокот на термините за одигрување на натпреварите се 15 и 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
