Спорт плус
16. јуни 2017 - 16:39

Македонските одбојкари во нов поход во Европската лига

 
 Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го започнува својот нов (четврти) настап во Европската лига. Откако во дебито стигна до 3.место, а изминатите две сезони беше поразувана во финалето, нашата одбојкарска селекција конечно се надева на освојување на првото место и триумф во Европската лига. 
 
Задачата нема да биде лесна бидејќи најнапред ќе треба да се освои првото место во А групата во која за противници црвено-жолтите ги имаат селекциите на Азербејџан, Албанија и Шведска.  
 
Првиот од двата турнири во А групата, нашите одбојкари ќе го играат пред домашната публика, во СРЦ Кале во Скопје, додека вториот кој на програмата е од 23 до 25 јуни ќе се игра во Тирана, по што ќе следува завршницата во Данска на 1 и 2 јули.
 
Распоред на натпревари за првиот турнир во А групата: 
Петок 
17,00  Шведска – Албанија 
19,30  Македонија – Азербејџан 
Сабота 
17,00  Шведска – Азербејџан 
19,30  Македонија – Албанија 
Недела 
17,00  Азербејџан – Албанија 
19,30  Македонија - Шведска 
 
Македонските одбојкари очекуваат голема поддршка и полни трибини, а причина повеќе да биде така е и слободниот влез во СРЦ Кале

Ново на Сител