Македонските одбојкари вечерва во историско осминафинале против Италија

Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот во Спортскиот комплекс „Полифлорио“ во Бари ќе се соочи со Италија во рамки на осминафиналето на Европското првенство (ЕП).
Во својот дебитантски натпревар во завршницата на големите турнири на меѓународната сцена, македонските одбојкари го добија, веројатно, најсилниот противник, кој е актуелен европски и светски првак, а дополнително и домаќин на нокаут фазата на ЕП 2023.
Според последните информации од македонскиот табор во Бари, дел од репрезентативци имаат симптоми на настинка, но лекарскиот тим вложува максимални напори играчите подготвени да влезат во вечерашниот дуел против големиот фаворит за златниот медал.
Осминафиналните натпревари на ЕП почнаа вчера, а први четвртфиналисти се Романија и Франција.
Романците со 3 – 2 беа поуспешни од Хрватска, додека Франција со максимални 3 – 0 ја елиминираше Бугарија.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
