-->
-->
Македонските одбојкари сакаат реванш над Естонија
-->

Македонската одбојкарска репрезентација во четврток и петок ќе биде дел од завршниот турнир на Европската лига што се игра во полскиот град Валбжих. Противник во првиот дуел во полуфиналето ќе ни биде селекцијата на Естонија која со максимални 10 победи го освои првото место во нашата група.
Притоа Естонците групата ја почнаа со две победи над Македонија. Нашата репрезентација од натпревар во натпревар играше се подобро и на крајот со победите над Австрија и над Полска избори место на завршниот турнир.
На денешната прес-конференција селекторот Жарко Ристоски истакна дека успехот од лани како полуфиналисти, ќе добие на тежина, доколку се повтори истиот резултат.
- Играчите го дадоа својот максимум во текот на сите дуели од групата. Ланскиот успех кога бевме полуфиналисти добива на тежина со повторувањето на истиот резултат, но можеме ние и подобро. Лани во полуфиналето влеговме како четврти, а сега како трети. Естонија е наш должник, а тоа е селекција која игра брза и модерна одбојка. Тие се сепак фаворити, додаде Ристовски.
За капитенот Никола Ѓорѓиев постигнатиот успех е поголем бидејќи нашата група оваа година беше посилна од ланската.
-Можам само да кажам дека ќе се бориме за финале и да им се реваншираме на Естонците. Оваа селекција на Македонија не е истата што играше на почетокот на јули во Естонија. Цел на секој е да биде дел од финалето, истакна Ѓорѓиев.
Македонската одбојкарска репрезентација со автобус замина за Полска и се очекува утре по повеќе од 20 часови возење да пристигне во Валбжих. Полуфиналето против Естонија Македонија го игра во четврток со почеток во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
