-->
-->
Македонските одбојкари очекуваат неизвесен дуел со Австрија
-->
Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска во 14 часот по македонско време во Варна го игра првиот полуфинале дуел од Европската лига. Противник е селекцијата на Австрија, во пресрет на дуелот домаќинот организираше и прес конференција на која од нашиот табор истакнаа:
- Јас сум задоволен од фактот што трета година по ред играме на „фајнл фор“. Ова е голем успех за нас и одличен резултат.Во полуфиналето ќе играме против Австрија, селекција која во последните две години ја имаме победено четири пати. Тоа е сепак силен тим, а очекувам победа. На турнирот фаворити се Естонија и Бугарија. Ние ќе се обидеме сите шанси кои ќе ни се пружат да ги искористиме, Жарко Ристоски- селектор на Македонија.
Капитенот на Македонија Никола Ѓорѓиев со 178 поени е најдобриот играч во досегашниот тек од Европската лига.
- Јас сум среќен што сме повторно тука во Варна. На „Фајнл Фор“ нема фаворити. Не очекува тежок дуел против Австрија. Тие имаат добар тим. Ова ќе биде психички тежок натпревар бидејќи ние имавме шест победи пред овој дуел, а тие имаа веќе два пораза. Сепак сите тимови се добро подготвени за завршните натпревари, очекувам победа и да се квалификуваме во финалето, ако е тоа можно.
Во второто полуфинале од 17 часот играат домаќинот Бугарија и Естонија.
Македонија лани Европската лига ја заврши на второто место, а претходната година беше третопласирана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор