-->
-->
Македонските надежи одиграа без голови против Словачка
-->

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години одигра нерешено против соодветната селекција на Словачка во натпревари од предквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Во рамките од 2.коло на 8-та група на турнирот што се одржува во Скопје, младите македонски фудбалери како и на првиот дуел против БиХ и денеска одиграа меч без голови 0:0, овојпат против врсниците од Словачка.
Избраниците на Горан Станиќ одиграа тежок меч против Словаците, пред се поради фактот дека противникот речиси целиот натпревар играше со играч повеќе, откако уште во 9.минута Давид Тошевски поради остар старт беше исклучен, односно доби директен црвен картон.
И со овој освоен бод нашите младинци ја задржаа шансата за пласман во елитната група, но под услов да ја победат селекцијата на Молдавија која денеска во вториот меч беше убедливо совладана од БиХ со 4:0.
По два одиграни натпревари, на првите две места кои водат во следната рунда се БиХ и Словачка кои имаат по четири бодови, пред Македонија со 2 и Молдавија без освоен бод.
Последното, трето коло ќе се игра во недела (8 октомври) со почеток во 15:00 часот, а Македонија и Молдавија ќе играат на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, додека Словачка - БиХ на стадион „Борис Трајковски во населбата Маџари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
