Македонските компании заинтересирани за иновациите

Македонските компании се заинтересирани да инвестираат во иновациите и да ги прошират своите бизниси, но понекогаш им се потребни финансиски средства кои можат да ги обезбедат преку Фондот за финансирање на иновативни бизниси формиран од страна на Развојната фондација „Кримсон“ и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Според генералниот директор на Развојната фондација „Кримсон“, Мајкл Голд, македонските бизнисмени имаат најголем интерес за иновации во прехранбената индустрија, градежниот, ИКТ и енергетскиот сектор.
- Македонските бизнисмени се подготвени да ги прошират своите бизниси и да понудат нови услуги и производи на македонските потрошувачи, меѓутоа честопати тие немаат финансии за опрема, маркетинг и.т.н, изјави Голд.
Фондот за финансирање на иновативните бизниси, како што посочи директорот на УСАИД, Џејмс Стајн, е целосно самоодржлив и може да се финансира од камати и надоместоци со што се обезбедува можност за постојан развој на малите и на средните претпријатија.
- Главна цел ни е економскиот раст и зголемувањето на вработувањето во Македонија и како УСАИД ќе продолжиме со давањето поддршка во оваа насока, истакна Стајн.
Фондот за финансирање на иновативни бизниси е специјализиран револвинг фонд во износ од 300 илјади долари, наменети за поддршка на иновациите и претприемништвото во Македонија. Од 2012 година кога е формиран Фондот досега се поддржани 12 нови бизниси, а од 2003 година откога е присутена Развојната фондација „Кримсон“ во Македонија поддржани се 400 бизниси.
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
