-->
-->
Македонските клубови ги добија противниците цо ЕХФ куповите
-->
Со денешната жрепка во Виена своите противници ги добија македонските претставници во ракометните Европски купови.
Вицешампионот Зомимак кој ќе се натпреварува во ЕХФ Купот стартува од 2.коло во натпреварувањето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот на италијанскиот претставник Бозен и Хаукар од Исланд.
Првиот натпревар тимот од Струмица ќе го одигра на гостински терен на 10 или 11 октомври, реваншот дома е една недела подоцна.
Тимот на Пролет кој ќе настапува во третото коло од Челинџ купот доби лесен противник и во третото коло од натпреварувањето се среќава со Сасја од Белгија. Натпреварите се закажани кон крајот на ноември.
Во истото натпреварување во женска конкуренција вториот тим на нашиот шампион ЖРК Вардар ќе се сретне со Лондон Енџелс, додека Пелистер се среќава со косовскиот Шкипоња.
ЖРК Металург пак во Купот на победници на Купови се среќава со Вестфрисленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството