-->
-->
Македонските каратисти освојуваат медали на Универзијадата во Загреб
-->
Македонските каратисти продолжуваат со успешен настап на третите Европски универзитетски игри што се одржуваат во Хрватска.
Откако вчера женскиот карате тим кој настапува за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, во борби го освои бронзениот медал, веќе обезбедија нов медал.
Имено, Симона Заборска се пласира во финалето на турнирот во борби, во категоријата до 61 килограм. До финалето Заборска извојува три победи и златниот медал ќе се бори денеска, а Сара за бронзениот.
Можност за освојување на медал ќе има Сара Радичевска во категоријата -50 килограми. Покрај Сара, шанса за бронзен медал ќе имаат и каратистите, картисти Мартин Несторовски (+84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг).
Покрај каратето, на Универзијатата во Хрватска, која се одржува во Загреб и Ријека, а која ќе трае до 25 јуни, ќе се одржуваат натпревари уште во дваесет спортови.
На игрите ќе настпуваат натпреварувачи од 41 држава, а Македонија ја претставуваат студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј’’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач