Кошарка
18. August 2017 - 21:04

Македонските кадети поразени и од Исланд

Македонската кадетска репрезентација е поразена од Исланд во натпревар за пласман од 13-16 место на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Софија. 
 
Нашите кадети попладнево загубија од соодветната селекцијата на Исланд со 70:66 по четвртини 21-25, 15-14, 12-20 и 22-7.
 
Иако на полувремето имаа три поени, предност која во третиот период ја зголемија за уште 8 поени, па во завршните 10 минути влегоа со водство од 59:48-58 сепак и тоа не беше доволно да се оствари победа. 
 
Катастрофалната игра на црвено-жолтите во последниот период во кој постигнаа само 7 наспротив 22 поени на противникот беа клучни за конечниот исход и новиот пораз на избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски. 
 
Така на македонските кадети им преостанува мечот за пласман за 15.место и тоа против поразениот од дуелот меѓу Бугарија и Португалија.