-->
-->
Македонските јуниорки завршија на 21.место на Европското првенство во Даблин
-->
Јуниорката женска репрезентација на Македонија го освои 21 – 22 место во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години што се одржува во Даблин, Ирска.
Избраничките на селекторката Анета Глигорова во последниот свој меч првенството убедливо ја совладаа селекцијата на Албанија со 88:58 по четвртини 18-8, 19-14, 26-20 и 25-16.
.
Две наши кошаркарки средбата ја завршија со дабл-дабл учинок. Анамарија Шеќеркоска оствари 18 поени и 16 скокови, а имаше и 5 асистенции, додека Снежана Серафимовска покрај 15 поени имаше и 12 скока.
Двоцифрен број на поени постигнаа и Сара Спировска 15 и Искра Андонова 14.
Тоа беше само втората победа на нашите јуниорки на првенството не сметајќи го службениот триумф против Данска, па на крајот црвено-жолтите завршија како 21-ви (22-ри) во конкуренција на 24 репрезентации оставајќи ги зад себе само Албанија, Ерменија и Данска. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%