-->
-->
Македонските фудбалски репрезентативци добија нов дизајниран дрес
-->
Во куќата на фудбалот денес беше презентиран новиот дизајн на репрезентативните дресови со што се најави продолжувањето на соработката помеѓу Фудбалска федерација на Македонија и германскиот бренд на спортска опрема ЈАКО.
Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќе вековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановито.
- Би сакале да се заблагодариме за досегашната соработка со германската компанија ЈАКО. На почетокот на квалификацискиот циклус за Светското првенство во Русија во знак на продолжување на соработката во следниот период, подготвивме нов дизајн на репрезентативните дресови. Дизајнот беше подготвен од страна на дизајнерот на ФФМ, Рахила Илиев, и би сакал да и се заблагодарам за успешно подготвениот дизајн. Искрено се надевам дека новите дресови ќе донесат радост на Македонија и дека ќе им донесат среќа и мотив повеќе на играчите, истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Ми претставува задоволство да го најавам новиот циклус на соработка со Фудбалска Федерација на Македонија. Кога бев во Скопје пред неколку месеци, моите соработници од ФФМ ми најавија дека новиот циклус на квалификации сакаат да го играат во дрес со персонализиран дизајн, кој самите го имаат подготвено. При изработката на прототипот кој ни го испрати Рахила Илиев и самите се уверивме дека станува збор за прекрасен дрес, кој го изработивме од врвен материјал со цел на играчите да им се обезбеди максимален комфор. Им посакувам многу успех со новите дресови на македонските репрезентации,порача високиот претставник на „ЈАКО“, Ханс Веркле.
Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски исто така го изрази задоволството од досегашната соработка со германската компанија ЈАКО, и изрази благодарност до сите вклучени во процесот на подготовка на новите репрезентативни дресови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка