Македонските фудбалерки до 17 години ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во Полска
Македонската женска фудбалска репрезентација енска репрезентација на Македонија до 17 години од 13 до 19 март ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за жени, кој ќе се одржи во Полска.
Македонките се наоѓаат во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите. Противници ќе им бидат Полска (домаќин), Данска и Шкотска.
Селекторот на репрезентацијата, Катерина Милеска, за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
голманки: Ведрана Комненова (Скопје), Евгенија Вељановска (Скопје) и Миа Петровска (Бохум, Германија)
одбрана: Мила Панева (Скопје), Андреа Коловска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Михаела Марковска (Топ Гол), Ангела Димчова (Цевитана), Кристина Крстева (Скопје) и Васка Василева (Тиверија)
среден ред: Никица Трендова (Скопје), Теона Галабовска (Тиверија) Ева Величковска (Љуботен), Јована Каралиоска (Цевитана) и Ева Конева (Истатов)
напад: Настасја Накова (Скопје), Розита Пецева (Тиверија), Калина Попески (Црвена ѕвезда), Меланија Грозданова (Скопје) и Емили Митковска (Речица).
Првиот меч од квалификацискиот турнир Македонските фудбалерки ќе го играат на 13 март против домаќинот Полска, со почеток од 14 часот.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
