-->
-->
Македонските фудбалери ја пречекуваат Грузија во натпревар од Лигата на нации
-->
Во дуел од 3. коло Ц-сегмент четврта група, вечер на „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Грузија.
Во првите две кола избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа нерешно со Бугарија и забележаа победа над Гибралтар. Со евентуален триумф против Грузијците, „црвено-жолтите“ ќе избијат на првото место во групата.
Од друга страна, Грузијците најавија „одмазда“ за поразот на нивни терен во минатиот циклус, во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди на Европското првенство 2020.
Билети за натпреварот може да се купат преку „Mk Tickets“ и на Билетарата на источната трибина на стадионот во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство