Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во Македонската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
- Гласачкото место 5025 во македонската амбасада во Белград беше отврено во 07 часот изутрина. Пријавените македонски граѓани своето бирачко право за вториот круг од претседателските избори можат да го остварат денес до 19 часот. Согласно посебниот избирачки список на пријавени и запишани гласачи, процентот на излезност до 10 часот изнесува 10 проценти, изјави Михаела Веселинов, претседател на ИО на Избирачкото место бр. 5025 во Македонската амбасада во Белград.
Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ-спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност.
Македонските државјани во Србија и во дијаспората трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград.
Поради близината, дел од македонските граѓани своето избирачко право го користат во матичната држава.
Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на претседателските избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор