Македонија
26. August 2022 - 16:46

Македонските државјани најбројни помеѓу лицата кои не добиле азил во Германија и се вратени назад

Македонските граѓани се први на листата депортирани од Германија.. Податоците на тамошните власти откриваат дека во првата половина од годинава, Германија депортирала над 6 илајди луѓе, а најбројни биле токму македонските државјани.. Со 454 лица, земјава е на врвот од листата, а веднаш зад неа е Албанија, каде биле вратени 402 лица.. Следуваат Грузија и Турција, а меѓу депортираните се и 130 косовски државјани..

Враќањето во своите земји следи откако лицата биле одбиени за добивање азил во Германија..

Според податоците на МВР, најголем дел од депортираните пристигнале од Коесфилд, а помал број од Хамбург, Минхен и Берлин.. Годинава, има и зголемување на вкупниот број депортирани македонски државјани..

„Во 2011 година биле депортирани околу 500 македонски државјани, а заклучно со јуни 2022 година, депортирани се околу 600 македонски државјани“, велат од МВР.

Податоците за бројот на депортирани беа објавени по барање на дел од партиите во германскиот Бундестаг кои обвинија дека се трошат илјадници евра за враќање на лицата кои не добиле азил. Само за депортација на 35 лица биле реализирани 11 чартер летови за кои германските власти потрошиле близу 600 илјади евра..

За Евроспката унија, земјава е безбедна и во неа се почитуваат човековите права и нејзните граѓани не се на листата за добивање азил по било која основ..