Македонскиот писател за деца Киро Донев во Кочани

Во рамки на одбележувањето на месецот на книгата, денеска се одржа средба со македонскиот писател за деца Киро Донев. На средбата беа промовирани најновите остварувања на Донев во областа на литературата за деца „Училишен театар“, „Збркана сказна“ и „Јамболија што лае“, кои излегоа во издание на издавачката куќа „Македонија литера“.
За творештвото на Киро Донев и за најновите книги зборуваше Горјан Петрески, писател за деца, кој ја истакна големата љубов на авторот кон децата и создавањето поетски, прозни и драмски текстови наменети за најмладите читатели.
Голем дел од делата на Донев, истакна Петрески, се дел од училишната лектира од трето до деветто одделение во основното образование. Делата на Донев се преведени и на неколку светски јазици.
Дел од творештвото на авторот презентираше Љупка Стоименова, професор по книжевност и литература.
Средба со писателот за деца Киро Донев денеска се одржа и во четирите кочански основни училишта. Гостувањето на Донев го овозможи општина Кочани во рамки на Програмата за култура за оваа година.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
