Македонскиoт филм „Јавачи на коњи” ќе биде прикажан во Балчик

Првиот независен македонски филм „Јавачи на коњи” денеска ќе биде прикажан во Балчик, Бугарија, како дел од програмата странски филмови на фестивалот „Во Палатата“, по што ќе следува сесија прашања и одговори со сценаристот и актерот Никола Кузелов.
„Јавачи на коњи“ е еден од осумте (од над 800 пријавени филмови од цела Европа) селектирани наслови во официјалната конкуренција за награди на Краина филм фест. Фестивалот се одржува во Босанска Краина и ќе трае до 30 јули, а „Јавачи на коњи“ ќе биде прикажан како дел од натпреварувачката програма.
Инаку, „Јавачи на коњи“ на 16 овој месец беше прикажан и во рамки на International Boat of Culture Festival во Лоџ, Полска, а неколку дена подоцнa премиено беше прикажан во „Дом на киното“ во Софија, како дел од целовечерна програма посветена на филмот, вклучувајќи негова проекција и отворен разговор со режисерот Марјан Гавриловски.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
