Македонскиот филм „Ах, љубов моја“ во битолското 3Д-Кино

Центарот за култура-Битола информира дека од денеска и во наредните два дена, во нивното 3Д-Кино, премиерно ќе се прикажува ммакедонскиот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски.
Овој филмски проект е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
- Филмот „Ах, љубов моја“ ќе се емитува на 2, 3 и 4 мај, а големиот интерес на публиката за овој проект се должи на навиката која се создаде кај културната јавност за доаѓање во кино, соопшти Центарот за култура-Битола.
Од таму информираат дека во периодот од 1 јануари до 1 мај или за период од четири месеци, филмските проекции во битолското 3Д-Кино ги гледале 24.564 гледачи и тоа, како што се наведува, е рекорд од денот на почетокот на работа на киното, но и потврда за високата кино-култура на јавноста во овој град. Минатата година во првите четири месеци на кино биле 14.150 гледачи, во 2015 година регистрирани се 14.895, а во 2014 година 8.983 посетители.
Според репертоарот на битолското 3Д-Кино во овој период ќе бидат емитувани и филмовите „Фатален исход“ во режија на Елиот Лестер, цртаниот филм „Ото истражувач на длабочини“ во режија на Хулио Сото Гурпид и други филмски проекти од државата и странство.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
