Македонски Железници редовна мета на крадци
Железница на удар од крадци. Контактни мрежи, штрафови, тегови, секојдневно исчезнуваат од македонските пруги. Надлежнте се загрижени, велат сторителите за да заработат некоја пара, сериозно ја загрозуваат безбедноста на патничкиот и товарниот сообраќај, а штетите претпријатието не може да ги доброи. Велат кражби имало и порано, но како сега никогаш не било.
Со последниот ваков настан, кој се случил ноќеска кај Трубарево, направена е штета од над 100 илјади евра, но се очекува сумата да биде многу поголема. Поради кражбата, сообраќајот бил пренасочен, а тоа значи повеќе пари и време. Според проценките, станува збор за една од поголемите кражби во Железница.
Од МВР потврдија дека добиле пријава за овој настан и работата на расчистување на случајот.
Вработените во Железница велат дека при секоја кражба се соочуват и со потешкотии да ги најдат деловите. Се набавуваат од надвор и додека да стигнат во земјава, принудени се да импровизираат, за да не дојде до големи несреќи.
Решение на проблемот гледаат во искоренување на социјалните проблеми, но и во едукација на населението. Се надеваат и на помош од месните заедници.
Инаку МЖ Инфраструктура, важи за едно од претпријатијата, кое се соочува со финансиски проблеми. Ваквите штети засега ги покриваат од свои пари, но не се знае до кога ќе може да го прават тоа.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар