Бизнис
21. July 2016 - 20:27

Македонски тур-оператори ќе се обучуваат во Париз

Македонски тур-оператори ќе се обучуваат во светската туристичка престолнина, Париз.

Се работи за проект на Стопанската комора за туризам на Македонија добиен преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Европската комисија, односно програмата ЕРАЗМУС+ Мобилност за учење на индивидуи.

Обуката ќе се спроведе кај познат француски тур-оператор со цел да се подигне квалитетот на работењето на македонските туристички агенции по теркот на светските, посебно за дојдовниот туризам. При тоа фокусот е ставен на агенции кои работат надвор Скопје.

Биљана Пејоска Ристеска, директор на Стопанската комора за туризам на Македонија

Од комората која е најголема во областа на туризмот и брои повеќе од 100 членки велат дека бројните проекти кои се спроведуваат изминативе десетина години конечно ја ставија Македонија на глобалната туристичка мапа.

 Биљана Пејоска Ристеска, директор на Стопанската комора за туризам на Македонија

Бројот на странските туристи во Македонија изминативе дестина години зголенем за 100%.