Македонски транспортери четири дена заглавени на украинските граници
Четири дена македонски камионџии се заглавени во зоната на конфликтот. Мустафа е еден од возачите кој после четири дена на украинска територија, денеска чекаше да влезе во Романија. За да ја напушти Украина се приклучил на конвој организиран од Турција.
Валандовска фирма до денеска имаше четири камиони на украинска територија. Сопственикот вели дека попладнево два од нив по четири дена чекање на границата со Романија, ја напуштиле државата. Проблем било тоа што биле товарени со руска стока.
Севинџ има уште два камиони кои од почетокот на конфликтот чекаат на полската граница. Тие тргнале за Русија, но кога почнала инвазијата Севинџ им рекол на возачите да се вратат кон Полска и да ја напуштат Украина. Попладнево се уште беа на граничниот премин.
Од МНР потврдуваат дека македонски транспортери се заглавени на границите од Украина кон Полска и Романија. Амбасадите во Букурешт и Варшава се обидуваат преку украинските козулати да им помогнат да ја напуштат Украина без да претрпат економски последици.
„Истовремено апелираме до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да им ја гарантираат нивната безбедност“, стои во апелот од МНР.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар