-->
-->
Македонски тенисери дел од силни турнири во Белград и во Задар
-->
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Калин Ивановски, од денеска повторно ќе бидат активни на терените и ќе настапат на турнири кои се одржуваат во регионот. Јотовски ќе биде дел од турнирот во Белград каде ќе играат 36 тенисери поделени во 9 групи по 4 играчи. Јотовски е во група заедно со српските тенисери Марко Тепавац, Никола Чачиќ и Дарко Јандриќ.
Вечерва во меч од 1.коло Јотовски ќе игра против Чачиќ (почетокот е не пред 18 часот), утре за ривал го има Јандриќ, а во среда противник му е Тепавац (овие два меча ќе се играат по 14 часот).
Овој турнир е насловен и како „Шампионат на Источна Европа“, а главен организатор е српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ и ќе се игра на терените на Академијата на овој играч.
Од денеска стартува и турнирот во Задар што се игра за награден фонд од 35.000 евра, каде учесник е младиот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој во првото коло е слободен, а во второто коло ќе игра против 12.носител Фране Нинчевиќ од Хрватска. Овој меч според програмата треба да се игра вечерва после 20 часот.
Овој турнир е најава на дел од турнирот „Адриа тур“ каде главен организатор е Новак Ѓоковиќ и ќе се игра за време на викендот во Задар. Директор на турнирот е прославениот хравтски тенисер Горан Иванишевиќ.
Првиот од турнирите „Адриа Тур“ што се играше во Белград заврши синоќа со триумф на Доминик Тием од Австрија, кој во финалето го совлада Филип Крајиновиќ од Србија со 2-1 во сетови (4:3(7:2); 2:4 и 4:2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица