Македонски производи на Тера Мадре Балкан во Тирана
Сирењата од мавровско-реканскиот регион, медот, слаткото од диви смокви, виното Станушина и буковската пипер, се петте производи (президиуми) со кои Македонија ќе се претстави на манифестацијата Тера Мадре Балкан 2016, од денеска до 5 јуни во Тирана, Албанија.
Настанот, што традиционално се организира со поддршка на Слоу фуд, покрај презентација на специфична, органска храна од сите земји во регионот, предвидува и дискусии на повеќе теми, Борба против гладот во светот, Пристап до пазари на малите производители, Одржлив рурален туризам, Агротуризам,...
Во фокусот ќе биде меѓународната научна конференција „Фармерите на прво место“, чија идеја е поврзување, односно градење широка мрежа на академици и истражувачки институции за биодиверизтетот на храна и одржувањето на растителните генетски ресурси.
Во текот на четирите дена, ќе има и серија конференции со акцент на мултифункционалното земјоделство, законските права на малите производители, руралниот туризам, како и маркетингот на занаетчиските производи, земајќи ги предвид ЕУ стандардите.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во различните вкусови, но и во концертите, што исто така се дел од Програмата.
Во македонската делегација од 33 претставници, 10 се производители, а на едукативните работилници за вкус и нутриција ќе учествуваат и учениците од средното училиште Лазар Танев.
Тера Мадре Балкан 2016 ќе почне со церемонија на која ќе присуствуваат албанските министри за земјоделство, рурален развој и водостопанство, за економски развој, туризам, трговија и претприемништво и за култура, Едмонд Панарити, Милва Економи и Мирела Кумбаро, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, италијанскиот амбасадор Алберто Кутилјо, како и претседател на Слоу фуд Карло Петрини.
Настанот на едно место ќе обедини 350 делегати од 12 земји (БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија). Го организира ВИС Албанија, во партнерство со министерствата за земјоделство и за економски развој, Општина Тирана и Италијанската агенција за меѓународна соработка.
Суштински дел на Тера Мадре Балкан ќе биде т.н. Пазар на фармери, поставен во централниот дел на Плоштадот „Мајка Тереза“, каде на 50 штандови посетителите ќе можат да откријат голем број селектирани производи од заедниците на Тера Мадре, президиумите на Слоу фуд и Арката на вкусови (каталог на Слоу фуд на загрозени производи). Практично, површина од околу 100 метри квадратни ќе биде целосно посветена на Балканот, каде повеќе од 50 заедници на храна и Слоу фуд президиуми ќе ги изложат и продаваат своите производи.
Тера Мадре Балкан досега се одржуваше три пати, во Софија (2010 и 2012 година) и во Дубровник (2014 година). Годинашното, четврто издание е дел од проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од ЕУ преку Генералниот директорат, а промовирано од Слоу фуд со цел подршка на процесите на европската интеграција на балканските земји и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети, да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за руралниот развој.
Ново на Сител
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши