Македонски економски самит од 18 до 20 ноември во Скопје
Од 18 до 20 ноември во Скопје ќе биде одржан Македонски економски самит во организација на „Македонија2025“.
Фокусот на самитот ќе биде како да се поврзе Македонија со поширокиот регион и тој ќе претставува платформа за воспоставување комуникација меѓу македонската деловна заедница и претставниците од странство.
На самитот најавено е учеството на Хери Кремер, професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД, Џејмс Логан Џонс, поранешен советник за безбедност на претседателот на САД, Гуру Банавар, извршен директор за технологии на ИБМ, претставници на Одборот на директори на Македонија2025 и еномирани економисти и менаџери.
Досега, „Македонија2025“ организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и во Париз. На овие настани учествуваат над 100 говорници од Македонија и од 40 други држави и беа организирани 200 средби меѓу компаниите.
Ново на Сител
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат