Македонски државјанин уапсен во Драч со 300 килограми кокаин
Македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) е уапсен во албанскиот пристанишен град Драч, откако во камионот со кој превезувал железо била открена колична од 300 килограми кокаин, соопшти албанската полиција.
Дрогата е откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи. Не се наведува какви сообраќајни ознаки имал камионот.
Кокаинот бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор, а бил скриен внатре во шасијата на камионот.
Според првичните информации, камионот тргнал од Белгија и преку Србија и Македонија на албанска територија влегол преку преминот Ќафасан кај Струга. Пред да стигне во Драч тој на албанска територија останал два дена и токму движењето на возилото било причина полицијата да се посомнева.
Уапсениот Ајроски негирал дека знае било што околу дрогата. Освен албанската во истрагата ќе биде вклучена и македонската полиција.
Ново на Сител
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ