Македонски државјани ќе се вакцинираат со АстраЗенека викендов во Србија
На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани. Според информациите од бројната македонска заедница во Србија и Белград, но и од српските граѓани кои го имаат дадено српскиот мобилен број за пријава на нашите државјани за вакцинација преку државниот портал е-Управа, деновиве дојдени се стотина смс пораки со закажани термини за сабота и недела за вакцинација со Астра Зенека.
До дописникот на МИА и дописништвото на МРТ во Белград, деновиве непрестано звонат телефони на македонски државјани, оние кои имаат добиено покана за вакцинација и оние кои сакаат допрва да се регистрираат, кои бараат информации за начинот на вакцинирањето во Србија и дали им е потребен ПЦР тест за влез во Србија.
На македонските државјани и граѓаните на земјите од регионот достапна им е вакцината на АстраЗенека, а според кажувањата на вработените на Белградски саем, имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер“ или „Спутник Ве“ викендов не е можна за странци, само за српските државјани.
Граѓаните на Србија, од овој понеделник можат без закажување да се имунизираат со вакцините на АстраЗенека.
За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку елктронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.
За МИА од српската Влада одговорија дека е „на Саемот е отворено вакцинирањето со Астра Зенека“ и дека „владата нема организирано вакцинација на македонски државјани“.
Се очекува во наредните денови, а веројатно веќе за време на викендот, голем број странски и македонски државјани, дури и организирано да тргнат за Србија со цел да бидат имунизирани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
